• cermat sladoledi logo
  • gardenia cermat
  • pate d'or cermat
  • capetano cermat
  • delicia cermat
  • carina cermat
  • mars cermat
  • mccain cermat

Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.

Континуирано воведува нови производи во асортиманот како што се: замрзнато овошје и зеленчук, лиснато тесто, замрзната риба, млечни и кондиторски производи. Уникатни, секогаш достапни, иновативни, креативно-тимски тоа е Цермат препознатливата формула за успех. Во компанијата владее европскиот дух, современ начин на функционирање и уникатен животен стил.

Секој производ е изработен од високо квалитетни суровини по оригинален рецепт и најсовремена технологија. За да обезбеди постојан квалитет своето работење го усогласува со меѓународниот стандард за безбедност на храна BRC и меѓунардониот стандард за храна IFC.

Добрата организираност и логистика овозможува брза и ефикасна достапност на производите во најкраток временски рок до сите потрошувачи во регионот и во земјите на ЕУ. При креирањето и дефинирањето на финалните производи се поаѓа од желбите и потребите на деловните партнери и крајните потрошувачи.

Како софистицирана модерна компанија која постојано се надоградува, дава придонес во општествениот, едукативниот, спортскиот и културниот живот на поединецот, учествувајќи во голем број хуманитарни настани и спортски активности.